2016 RAN P&P Practitioners’ Working Paper: Approaches to Violent Extremist Offenders and Countering Radicalization in Prisons and Probation
Author(s):
Овој документ има цел на креаторите на политики, управителите на затворите и на персоналот во затворите и во пробацијата да им обезбеди информации за тековните практики и за прашањата што се релевантни за справувањето со насилните екстремистички престапници (НЕП) и со лицата за кои постои ризик да се вклучат во насилен екстремизам во затворскиот и во пробацискиот контекст. Документот е организиран околу овие два контекста. Иако во практиката во некои земји членки може да не постои оваа разлика, сепак, таа служи за утврдување на клучните прашања: затворските услови и стратегиите за реинтеграција, процената на ризик, изборите на затворскиот режим, иницијативите за рехабилитација и реинтеграција и обучувањето на кадар.